5 Септември, 2008 - 14:27
Рекоба се пресели во Паниониос
| 32-годишниот уругвајски фудбалски интернационалец Алваро Рекоба потпиша две-годишен договор со грчкиот клуб Паниониос. Популарниот „Ел Чино„ доаѓа во Паниониос како слободен играч.Во италјанскиот тим на Интер играше 11 години.  Минатата сезона Паниониос заврши на петтото место во грчкото првенство,а оваа сезона клипските амбиции за излез во Европа се големи. Рекоба во новиот клуб ќе заработува околу милион евра. Уругваецот својата фудбалска кариера ја започнал во аргентинскиот тим на Национал.Во 1997 година го засили тимит од Милано,Интер за милиони евра,а во меѓувреме беше двапати префрлен на заем во италјанските екипи на Торино и Венеција.
|
4 Септември, 2008 - 21:31
Без музика,животот би бил ништо
| Чувствувајте се горди што сте Македонци! Ако на некој не му беше јасно до сега, од сега па натаму да се знае, најдобриот бенд во Балканот и пошироко,беа и уште се Леб и Сол,односно Гаро, Кокан, Бодан и Влатко. Поздрав до сите блогери и блогерки,поздрав до цела Македонија.... СКОПЈЕ-ЛЕБ И СОЛ Скопје има микроклима,изгор лето кочан зима градски цигли голи брда,сино небо земја тврда матен Вардар брзо тече,тајни носи време влече Скопје прави падни стани,има девет лути рани Скопје има славни маала,дебар мала није шала Скопје јава брзо коњче,а бре момче македонче
Насмевни се,не бери гајле,намигни ми,ајде наздравје,Скопје Градов пости,градов пие,градов демне,градов спие, рано утро шкембе чорба,после секој своја борба
Млади моми љубов водат,душа вадат,очи бодат разни бељи прават деца,сите ќе ги баба меца Насмевни се,не бери гајле,намигни ми,ајде наздравје,Скопје Јас и ти сме браќа стари таква љубов чини пари,ти ме чуваш, ти ме сфаќаш,ти за кусур не ми фаќаш Насмевни се,не бери гајле,намигни ми,ајде наздравје,Скопје 
|
3 Септември, 2008 - 20:15
Мирис на будења
| Јас немам друга желба освен да те сакам една луња ја исполнува долината една риба реката... Јас те создадов според мерката на мојата осаменост Еден целосен свет да се сокријам Денови и ноќи за да се разберам За да не видам ништо друго во твоите очи Освен она што го мислам за тебе И за еден свет што е според нашата слика... Ти пoкажувам неодолива длабочина Лесно постоење... на мене во тебе...
|
3 Септември, 2008 - 19:58
Арапи за шест фудбалери нудат пола милијарди фунти
| Сопствениците на англискиот фудбалски премиерлигаш во зимскиот преоден рок ќе се обидат да направат таканаречен дрим-тим,а за доведување на неколку фудбалери ќе потрошат пола милијарди фунти. Еден од главните луѓе на корпорацијата Абу Даби,Сулејман Ал Фахим изјавил за англиските медиуми дека во тимот на Манчестер Сити ќе доведе минимум 18 нови играчи,а меѓу нив и најголемите моментални фудбалски ѕвезди на денешниот фудбал.  Познато е тоа колку во преодниот зимски период Арапите ќе понудат за тие најдобрите,така што до градскиот ривал Манчестер Јунајтед ќе стигне понуда од 135 милиони фунти за Кристијано Роналдо,потоа до Милан ќе се понудат 80 милиони фунти за Кака,а истиот износ до Барселона ќе биде за Меси. Исто така ќе биде доставена понуда до Ливерпул за напаѓачот Фернандо Торес за износ од 70 милиони фунти.За фудбалерот на Арсенал,Фабрегас ќе се понудат 60 милиони фунти,а истата цена ќе јас постават и до Манчестер Јунајтед за бугарскиот интернационалец Димитар Бербатов. Најголемите фудбалски ѕвезди би требало да заработуваат по 200 000 фунти неделно,а очекувањата се големи.Сулејман посакува оваа сезона Манчестер Сити да биде меѓу првите четири екипи во англиската Премиер-Лига и секако да се трофејот во Лигата на европските шампиони.
|
3 Септември, 2008 - 18:36
КАТАСТРОФА:Летонија-Македонија 83:82
ТАКА Е КОГА НА 1 секунда и осум стотинки не погодуваш слободни фрлања.......КАТАСТРОФА
|
3 Септември, 2008 - 15:43
Кошарка: Летонија-Македонија (17:30-пренос МТВ)
| Денес во летонскиот град Рига со почеток во Рига во 17:30 (пренос-МТВ)по наше македонско време,македонската кошарскарска селекција ќе го одигра првиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска 2009 година. "Имаме добра атмосфера во репрезентацијата. Свесни сме што не очекува и што се бара од нас во овие квалификации. И можам да кажам дека сме подготвени за предизвикот што стои пред нас. Нема да биде лесно да се добие Летонија, но ако секој од нас вгради по мал дел во играта можеме да се надеваме на успешен резултат, односно победа"- вели еден од нашите најголеми адути на денешниот натпревар,Џеремаја Мејси.
|
2 Септември, 2008 - 19:24
Светот тоа не го знае,но Берлускони ја запре војната во Грузија
| Грузискиот фудбалер Какха Каладзе,бекот на италјанскиот фудбалски тим Милан му се заблагодари на сопственикот на клубот и италјанскиот премиер Силвио Берлускони кој најзаслужен за прекинување на војната помеѓу Грузија и Русија.  Војната започна на 7 Август откако се заострија напнатостите помеѓу Грузија и Јужна Осетија.Руските воени трупи следниот ден ја преминаа границата со Грузија и така започна војната во која само за неколку дена настрадаа повеќе од 100 луѓе,а многу бројни грузијци останаа без нивните домови.Моментално се водеа преговори за склучување на договор за прекинување на воениот оган,а европските лидери водеа преговори како би се пронашло трајно решение,кое што нема да биде лесно,затоа што во меѓувреме Русија и рускиот претседател Медведев донесе одлука за признавање на независност на Јужна Осетија и Абхазија. Фудбалерот на Милан, Каладзе во свое обраќање „откри„ непозната страна за руско-грузиската војна, која спрема неговите зборови, ја завршил Силвио Берлускони. "Светот тоа не го знае,но Силвио Берлускони ја запре војната во Грузија.Берлускони отсекогаш бил многу близок со Владимир Путин.Тие се големи пријатели.Знам од сигурни извори дека италјанскиот премиер повеќе од пет часа разговарал телефонски со Путин за тоа како би се прекинала војната во Грузија.Дури и во ваков тежок момент Берлускони покажа дека тој е чувствителен човек и способен дипломат,прав амбасадор на мирот и заради тоа че му бидам вечно благодарен„-рече фудбалерот Каладзе.
|
|